Северна Кореја истрела проектили во морето од нејзиниот источен брег, соопшти денеска штабот на здружените сили на Јужна Кореја.
Доколку извештајот биде потврден, ова би било седмо лансирање на Пјонгјанг оваа година, пренесува Ројтерс.
Би-Би-Си наведува дека Северна Кореја лансирала ракета со долг дострел од 2017 година.
Оружјето наводно било проектил со среден дострел кој достигнал височина од 2.000 километри пред да падне во Јапонското Море.
Јапонските и јужнокорејските власти проценуваат дека проектилот летал 30 минути на растојание од 800 километри.
Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија лансирањето, седмиот тест овој месец.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека сака технолошки да ја зајакне армијата.
Јапонската крајбрежна стража денеска соопшти дека се чини дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета.
Северна Кореја во петокот потврди дека лансирала четири проектили во претходната недела, вклучително и две крстаречки ракети со долг дострел.