
Премиерот на Северна Ирска Мишел Мартин изјави дека планот на британската влада за измена на дел од трговскиот договор со ЕУ, склучен по излегувањето на Британија од Унијата, е неприфатлив и претставува „економски вандализам“ над Северна Ирска, јавува Би-Би-Си. Мартин смета дека промените на Протоколот за Северна Ирска ќе ѝ наштетат на економијата на земјата.
„Целосно прифаќаме дека има легитимни проблеми со функционирањето на протоколот и веруваме дека тие би можеле да се решат преку сериозни преговори меѓу британската влада и ЕУ“, рече Мартин. Тој додаде дека двојните регулаторни стандарди, кои исто така се дел од предлогот на британската влада, може да предизвикаат сериозна штета на економијата на Северна Ирска.