Според календарот Јулијанскиот календар, по кој се води Македонската православна црква, Охридска архиепископија, денеска е 8-ми октомври се празнува Преподобна Пелагија или Пелагија Антиохиска
Оваа Пелагија потекнуваше од сириска Антиохија и Господ ѝ дал голема телесна убавина. Таа своја убавина Пелагија ја користеше за блуд, па така собра големо богатство.
Еден ден таа отиде во црквата во која проповедаше епископот Нон и ја слушна неговата беседа за страшниот суд. Тоа толку ја потресе, што реши сосема да се измени.
Откако Нон ја крсти, таа отиде во Ерусалим и се затвори во една келија на Елеонската Гора, живеејќи како монах Пелагиј. Откако преку пост и молитва ја исчисти душата од страстите, таа се удостои за небесното царство и се упокои околу 461 година.
Денес се слави и преподобна Таиса, која има слично житие како и Пелагија.