Посредникот на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, вели дека со вицепремиерот и главен преговарач на Косово, Бесник Бислими, постигнал договор за следните чекори во дијалогот меѓу двете држави. Ова Лајчак го објави на својата страница на платформата „Икс“ по средбата со Бислими.

„Се сретнав со првиот вицепремиер Бесник Бислими, за да го информирам за последната средба со европските лидери во Брисел и за потребата од целосна имплементација на Договорот за патот за нормализација, без одложувања и предуслови. Исто така, се договоривме и за следните чекори“, напиша Лајчак.

Прикажи повеќе