Сцените во украинскиот град Буча по повлекувањето на руските трупи предизвикуваат широка осуда од светските лидери.
“Ужасно е и апсолутно е неприфатливо цивилите да бидат цел и убиени”, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Шефот на британската дипломатија Лиза Трас рече дека „недискриминирачките напади“ врз украински цивили во градовите како Буча и Ирпин треба да се истражат како воени злосторства.
“Нема да дозволиме Русија да ја прикрие нивната вмешаност во овие злосторства преку цинични дезинформации и ќе се погрижиме реалноста на руските дејствија да биде изнесена на виделина”, рече таа.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сликите од Буча го оставиле со „болка во стомакот“.
„Ова е реалноста на она што се случува секој ден се додека руската бруталност против Украина продолжува“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кој често разговара со претседателот Путин од почетокот на конфликтот, ги нарече сликите „неподносливи“.
Тој рече дека „руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства“.
Во изјава за весникот „Билд“, германскиот вицеканцелар Роберт Хабек ги нарече убиствата „страшно воено злосторство кое не може да остане без одговор“.
„Мислам дека е потребно зајакнување на санкциите“, додаде тој.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, напиша на Твитер: „Згрозена од извештаите за неискажливи ужаси во областите од кои Русија се повлекува.
„Итно е потребна независна истрага. Сторителите на воените злосторства ќе одговараат.
Украинскиот министер за одбрана Дмитро Кулеба рече дека Русија има за цел „да елиминира што повеќе Украинци што можат“.
Тој ги повика земјите од Г7 да воведат дополнителни санкции насочени кон руската индустрија за нафта, гас и јаглен, извозот на стоки и финансискиот сектор.
Шефот на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека Русија мора да плати за своите, како што рече, „воени злосторства” во украинскиот град Буча, недалеку од главниот град Киев, во форма на построги санкции.
„Сликите од Буча се неприфатливи, нескротливото насилство на Путин ги брише невините семејства и не познава граници. Одговорните за овие воени злосторства мора да одговараат. Ќе ги заостриме санкциите кон Русија и уште повеќе ќе и помогнеме на Украина во одбраната”, напиша Бербок на Твитер.