Германскиот центар Даниел Тајс официјално го засили Монако. Тајс по осум години минати во НБА, каде за шест различни екипи, остана без договор и реши да се врати во Европа.
Поранешниот играч на Бостон Селтикс, Чикаго Булс, Индијана Пејсерс, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс потпиша договор до летото 2026.
На 411 натпревари во најсилната лига на светот забележа 7,1 поен, 4,7 скока и 1.3 асистенции по натпревар.
Наводно светскиот првак со Германија, имал понуди да остане во НБА, но тој решил да се врати во Европа.
Во неговиот втор мандат во Бостон, тој играше во финалната серија во 2022 година против Голден Стејт Вориорс, во која калифорниската франшиза победи по шест натпревари.
Кариерата на 32-годишниот кошаркар започна во Брауншвајг, а играше и за Улм и Бамберг во родната земја.
Тајс може да се пофали со светска титула од Филипините во 2023 година и бронза од Европското првенство во 2022 година во Берлин.
Тимот на Василис Спанулис е четврти во поредокот во Евролигата со 16 победи и 10 порази.
Монако ќе се соочи со Олимпија во Милано на 27 февруари, а до крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште осум кола.
Текстот Светскиот првак со Германија го засили Монако е превземен од МАКФАКС.