Светот е згрозен од смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. ОН бараат веродостојна истрага од Русија, реакции од САД и Европските лидери.
Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика руските власти да обезбедат спроведување веродостојна истрага за смртта во затвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални, за што беше објавено денеска.
Портпаролката на канцеларијата, Лиз Тросел, рече дека ако некој умре во државен затвор, се претпоставува дека државата е одговорна, објави лондонскиот весник Гардијан.
„Таа одговорност може да се побие само преку непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело. Ги повикуваме руските власти да обезбедат спроведување на таква веродостојна истрага“, рече таа.
Рускиот истражен комитет веќе објави дека покренал истрага за смртта на Навални.
Тросел ги повика руските власти да прекинат со прогонот на политичари, бранители на човекови права, новинари…
„Сите приведени или осудени на затворски казни во врска со легитимното остварување на нивните права, вклучително и правото на слобода на мирно собирање и слобода на говор, треба веднаш да бидат ослободени и сите обвиненија против нив да бидат отфрлени“, рече Тросел.
Европските власти денеска го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на „Х“ изјави дека е длабоко вознемирена и тажна од веста за смртта на Навални и оцени дека Путин не се плаши ништо повеќе од „несогласување од сопствениот народ“.
Deeply disturbed and saddened by news of the death of Alexei Navalny.
Putin fears nothing more than dissent from his own people.
A grim reminder of what Putin and his regime are all about.
Let’s unite in our fight to safeguard the freedom and safety of those who dare to… pic.twitter.com/YoIbS7XbdX
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 16, 2024
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека е шокиран од веста за смртта на Навални, кого го нарече „храбар човек кој го посветил својот живот за да ја спаси честа на Русија, давајќи им надеж на демократите и граѓанското општество“.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола изјави дека е „згрозена“ од смртта на водечкиот руски опозиционер.
The world has lost a fighter whose courage will echo through generations.
Horrified by the death of Sakharov Prize laureate Alexei Navalny.
Russia took his freedom & his life, but not his dignity.
His struggle for democracy lives on.
Our thoughts are with his wife & children. pic.twitter.com/JMSAkLpb0T
— Roberta Metsola (@EP_President) February 16, 2024
-Русија му ја одзеде слободата и неговиот живот, но не и достоинството, напиша Мецола на „X“.
Алексеј Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Alexei @navalny fought for the values of freedom and democracy. For his ideals, he made the ultimate sacrifice.
The EU holds the Russian regime for sole responsible for this tragic death.
I extend my deepest condolences to his family. And to those who fight for democracy around…
— Charles Michel (@CharlesMichel) February 16, 2024
„За своите идеали, Навални го жртвуваше најскапото. За ЕУ, одговорноста за неговата трагична смрт е целосно на рускиот режим, посочува Мишел.
Тој изразува сочувство до семејството на Навални и до оние кои во најмрачните услови се борат за демократија ширум светот.
„Борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува, вели претседателот на Европскиот совет.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија дека ги осудува „слободните духови“ на смрт откако најистакнатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални почина во затвор на Арктикот.
„Во денешна Русија, слободните духови се испраќаат во гулаг и се осудени на смрт“, рече Макрон, изразувајќи го својот „гнев и огорченост“ и поздравувајќи ја „храброста“ на Навални.
Вашингтон ја оквалификува смртта на Навални како – трагедија што покренува многу прашања.
Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис денеска изјави дека Америка се обидува да утврди дали е точна веста дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал и ако е точна, тоа е, тврди таа, уште еден доказ за бруталноста на рускиот претседател.
„Почина во Русија. Ова е, секако, страшна вест, чија потврда работиме.
Моите молитви се со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Јулија, која е денес со нас. И ако се потврди, ова ќе биде уште еден знак за бруталноста на Путин. Каква и да е приказна да раскажуваат, да бидеме јасни, Русија е одговорна. И за тоа ќе имаме повеќе да кажеме подоцна“, рече таа на панелот на Минхенската безбедносна конференција.
Американската влада ја оквалификува смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални како „страшна трагедија“.
Зборувајќи за радиото Ен-Пи-Ар, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, подвлече дека американската влада се уште не добила потврда за неговата смрт, па затоа засега се воздржува да коментира.
„Со оглед на долгата и нечесна историја на руската влада да им нанесува штета на своите противници, тоа покренува реални и очигледни прашања за тоа што се случило“, изјави Саливан.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски во објава на „Х“, вели дека е ужаснат од смртта на Навални.
„Тажен ден за демократијата, човештвото изгуби цврст активист за човекови права. Срдечно сочувство до неговата сопруга Јулија и неговите деца“, напиша Пендаровски
Horrified by the death of Russian politician Alexei Navalny.
Sad day for democracy, humanity lost a staunch human rights activist.
Heartfelt condolences to his wife Yulia and his children.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) February 16, 2024
Јулија Навални не им верува на руските медиуми, таа чека независна потврда за смртта на нејзиниот сопруг.
Јулија Навални денеска изјави дека не им верува на руските медиуми кои објавија за смртта на нејзиниот сопруг, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но ако се покаже дека е вистина, таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин за тоа и го повика светот да борба против неговиот „ужасен режим“.
Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти денеска дека по прошетка, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.
Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.
Ј. Ѓ.
Починатиот политичкиот затвореник Навални беше трн во окото на Путин