СБУ: Приведен руски агент кој подготвувал диверзија во областа Запорижја

Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе, како што наведува, руски агент кој се обидел да ги идентификува точните координати на украинските противвоздушни ракетни системи на фронтот во областа Запорижја и да ги проследи во Русија.

„Рускиот агент ги следел главните насоки на движење и известувал за воената опрема на украинската армија“, се вели во соопштението на СБУ.