Турските медиуми пренесоа информација дека Енис Барди можеше да стане дел од бранот европски фудбалери кои ќе заиграат во Саудиска Арабија.
Македонскиот репрезентативец е фудбалер на Трабзонспор, а според информациите, клуб од Саудиска Арабија сакал да го доведе на платена позајмица. Не е познато за кој клуб се работи, туку е откриено дека биле подготвени да платат само 300.000 евра за едногодишната позајмица на Барди.
Сепак, турскиот клуб експресно ја одби таа понуда. Барди не се изнаигра во Трабзонспор, но клубот од април има нов тренер, Ненад Бјелица. Така, постои можност Хрватот да смета на услугите на македонскиот репрезентативец, а доколку не е во неговите планови, веројатно Барди ќе бара нова средина.
Едно е сигурно, Барди нема да заигра како позајмен во Саудиска Арабија каде што веќе се Александар Трајковски и Дарко Велковски.