реклама

Саудиска Арабија се подготвува да ја отвори својата прва продавница за алкохол во главниот град Ријад, која ќе им служи исклучиво на немуслиманските дипломати, откри извор запознаен со плановите и документот.

Купувачите ќе мора да се регистрираат преку мобилна апликација, да добијат код за одобрување од Министерството за надворешни работи и да ги почитуваат месечните квоти при купувањето, се вели во документот, пренесува Ројтерс.

реклама

Овој потег претставува пресвртница во напорите на кралството, предводено од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, да ја отвори ултраконзервативната муслиманска земја за туризам и бизнис, бидејќи пиењето алкохол е забрането во исламот.

Новата продавница се наоѓа во Дипломатскиот кварт на Ријад, кварт во кој престојуваат амбасади и дипломати и ќе биде „строго ограничена“ за немуслиманите, се вели во документот.

реклама

Не беше јасно дали другите немуслимански иселеници ќе имаат пристап до продавницата. Милиони иселеници живеат во Саудиска Арабија, но повеќето од нив се муслимански работници од Азија и Египет.

Извор запознаен со плановите рече дека продавницата се очекува да биде отворена во наредните недели.

реклама

Саудиска Арабија има строги закони против пиење алкохол казниви со стотици камшик, депортација, парични казни или затвор, а иселениците исто така се соочуваат со депортација. Како дел од реформите, камшикувањето во голема мера беше заменето со затворски казни.

Алкохолот беше достапен само преку дипломатска пошта или на црниот пазар.

реклама