Фудбалерите на Сасуоло по едногодишно отсуство обезбедија враќање во Серија А. На пет кола до крајот на сезоната во Серија Б, Сасусоло стекна недостиѓна предност во однос на ривалите.

Сасуоло, предводен од клупата од поранешниот италијански репрезентативец Фабио Гросо, има недостижни 16 бода предност пред третопласираната Специја. Директен пласман во Серија А ќе изборат најдобрите две екипи од Серија Б, а екипите од третото до шестото место ќе играат плеј-оф и потоа ќе биде познат и третиот патник во најфисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Минатата сезона Сасуоло заврши претпоследен, 19-ти во Серија А, а Гросо го презеде клубот во јуни 2024 година.

Претходно, Гросо го водеше Олимпик Лион три месеци (септември – ноември 2023 година), а во тој период забележа со само една победа во седум првенствени натпревари и повреда што ја заработи кога клупскиот автобус беше каменуван на патот кон стадионот во Марсеј.

Гросо во 2006 година со репрезентацијата на Италија го освои светскиот шампионат во Германија.

Оваа сезона Гросо го предводи тимот до 23. победи и само четири порази во Серија Б.

Пласман во Серија А може да избори и второпласираната Пиза, предводена од уште еден поранешен италијански репрезентативец Филипо Инзаги. Пиза има седум бода предност пред Специја.

Текстот Сасусоло експресно се врати во Серија А е превземен од МАКФАКС.