Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 326 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 262 случаи од Скопје се 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп – 11, Куманово – 8, Делчево – 6, Тетово и Кичево – по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.