Шефот на пратеничката група на Движењето Самоопределување, Мимоза Кусари Љиља, изјави дека парламентарните и претседателските избори, организирани од Србија на 3 април, треба да се спроведат исто како и референдумот, односно Србите од Косово да го остварат своето право на глас по пошта, Српската канцеларија за врски во Приштина или на избирачко место во некој од пограничните градови во Србија.
Косово не дозволи на неделниот референдумот за уставни измени во Србија да се гласа на територијата на Косово, со образложение дека отворањето избирачки места во Косово е прекршување на Уставот и законите на Косово и дека оние со српско државјанство можат да го остварат своето право на глас преку пошта или Канцеларијата за врски на Србија со Косово во Приштина.