Ал Хилал, актуалниот шампион на Саудиска Арабија има план како да го замени Нејмар на крајот од сезоната, во случај Бразилецот да го напушти клубот. Целта им е да доведат врвен играч, а првите две имиња на листата се Мохамед Салах од Ливерпул и Родриго од Реал Мадрид.
Примарна цел на Ал Хилал е Салах, кој извесно е дека ќе го напушти Ливерпул како слободен играч. Клубот е подготвен да му понуди годишна плата од 200 милиони евра, колку што заработува Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Нејмар пристигна во Ал Хилал во летото 2023 година, но одигра само седум натпревари за саудискиот клуб. Тој постигна еден гол со три асистенции.
Текстот Салах доби понуда од 200 милиони евра по сезона е превземен од МАКФАКС.