Постојат многу причини да започнете да ја консумирате оваа салата со лук и краставица.
Таа е малку необична, но со сигурност ќе го поткрепи вашиот организам, а воедно лукот ќе ве заштити од настинките и грипот кои владеат во овој период од годината.
Комбинацијата од краставица и лук на оваа салата и дава одличен вкус, а има и мноштво лековити својства – меѓу останатото, го намалува холестеролот, го регулира крвниот притисок и делува поволно на метаболизмот.
Се што ви е потребно е: 1 краставица, 3 чешниња лук, 2 шолји вода, морска сол и малку јаболков оцет, магдонос по желба.
Порано оваа салата често била дел од секоја трпеза, а нашите предци ја консумирале за прочистување на телото, таа во народот е позната како лук и вода.
Подготовка: Најпрво исчистете ги чешнињата лук. Во дрвен сад истолчете го лукот со солта додадете 1-2 лажици (по желба) јаболков оцет и добро промешајте.
Краставицата измијте ја и исецкајте на мали коцки, па додадете ја во садот. Ставете ладна вода и промешајте. По желба можете да додадете и магдонос.
Уживајте, вашата здрава салата е готова!