Со убедливата победа против Портланд во Орегон со резултат 120:80, кошаркарите на Сакраменто и дефинитивно обезбедија пласман во плеј-офот. „Кралевите“, кои имаат скор 46-30, моментално се трети во Западната конференција и се враќаат во плејофот по 17. годишно отсуство. Тимот од главниот град последен пат во плеј-офот учествуваше во сезоната 2005/06.
Сакраменто го забележа третиот триумф во последните четири натпревари против Портланд, а во преостанатите шест меча од регуларниот дел има шанса да го нападне Мемфис на второто место, но многу пореално е во плејофот да влезат од третата позиција.
Во неверојатен меч во Индијанаполис, Милвоки ги совлада Пејсерс со 149:136 и со учинок 55-21 го обезбеди првото место во Источната конференција. Бакс во третиот период постигнаа дури 46 поени.
Филаделфија го победи Далас со 116:108, а Џоел Ембиид беше најдобар откако го прескокна дуелот со Денвер со 25 поени, 9 скока и 3 асистенции. Кај Далас се истакнаа Лука Дончиќ со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции и Кајри Ирвинг со 23 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Резултати:
Индијана – Милвоки 136:149
Бруклин – Хјустон 123:114
Њујорк – Мајами 101:92
Филаделфија – Далас 116:108
Чикаго – ЛА Лејкерс 110:121
Оклахома – Детроит 107:106
Сан Антонио – Јута 117:128
Феникс – Минесота 107:100
Портланд – Сакраменто 80:120