Карлос Саинц, поранешниот возач на Ферари, од оваа сезона возач на Вилијамс, изјави дека Луис Хамилтон ќе има одлични шанси со италијанскиот тим да ја освои шампионската титула во Формула 1.
По 11 години минати во Мерцедес, Британецот се пресели во Ферари, каде оваа сезона ќе вози покрај Шарл Леклер. Хамилтон во италијанскиот тим дојде на местото на Саинц.
„Кога го напуштив Ферари, Шарл веќе беше на потребното ниво за да ја освои титулата. Сега кога Луис е тука, шансите на Ферари се уште поголеми. Кога ќе погледнам што направи Луис во последните години, морам да заклучам дека ќе има големи шанси да освои уште еден трофеј. Сепак, многу работи ќе влијаат на конечниот исход, пред се начинот на кој ќе се вклопи во новиот тим“, изјави Саинц.
Хамилтон моментално е изедначен со Михаел Шумахер по бројот на освоени титули. И двајцата имаат седум и уште една триумфална сезона би го оставила британскиот возач сам на врвот.
Текстот Саинц: Хамилтон има големи шанси сезонава да ја освои титулата е превземен од МАКФАКС.