Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата поддржана од речиси сите други членки на Советот за безбедност и десетици други земји, со која се бараше итен прекин на огнот во Појасот Газа. Нејзините поддржувачи предупредија дека ќе има многу убиства на цивили и поголемо уништување во војната, која сега е навлезена во третиот месец. Велика Британија остана воздржана. Ставот на САД го одразува растечкиот јаз меѓу Вашингтон и некои од неговите најголеми сојузници околу смртоносното бомбардирање на Газа од страна на Израел. За резолуцијата гласаа Франција и Јапонија. /Alsat.mk