Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилното население по нападот во Рафа, при што загинаа десетици Палестинци.
– Израел има право да го гони Хамас и ние разбираме дека како резултат на тој напад загина двајца високопозиционирани терористи на Хамас одговорни за нападите на израелските граѓани, изјави синоќа претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа.
– Но ние јасно дадовме до знаење дека Израел треба да ги презема сите можни мерки на претпазливост за да се заштити цивилното население.
Од советот укажаа дека владата на САД „активно соработува“ на местото на настанот со израелски воени и други лица за да се оцени што се случило.
Администрација на Бајден се судира со незадоволство од демократите поради дејствијата на владата поврзани со војната помеѓу Израел и Хамас и тоа уште пред израелскиот напад во неделата врз Рафа, кога изби пожар во бегалски камп при што загинаа 45 луѓе.
Според најновата анкета на Ипсос речиси половина од демократските избирачи не ја одобруваат политиката на Бајден.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека цивилното население не било цел на нападот но „настаните зазеле друга, трагична насока“ што довело до цивилни жртви.