Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да ги суспендира сите тековни нарачки за системите за противвоздушна одбрана Патриот и ракетите пресретнувачи и нивната испорака ќе ја пренасочи во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
Овој потег би можел да биде објавен подоцна во текот на денот, наведува ФТ, повикувајќи се на три неименувани извори.
Украина бара американски ракетни системи Патриот, со кои може да соборува руски балистички и хиперсонични ракети.
Извор: МИА