Претставници на САД и НАТО веруваат дека Белорусија би можела „наскоро“ да ѝ се придружи на Русија во нападот врз Украина.
Сè поверојатно е дека Белорусија ќе влезе во конфликтот, изјавил воен претставник на НАТО за американската телевизиска мрежа.
„На Путин му треба поддршка. Сè што би помогнало“, објаснил тој.
Извор од белоруската опозиција изјави дека белоруските борбени единици се подготвени да влезат во Украина во следните неколку дена, со илјадници сили подготвени за распоредување. Според овој извор, ова ќе има геополитичко влијание, со оглед на импликациите на друга земја да се вклучи во војната.
Висок разузнавач на НАТО во одделна изјава додал дека Алијансата оценила оти белоруската влада „го подготвува теренот за да ја оправда белоруската офанзива против Украина“.
Белорусите минатиот месец гласаа да ѝ се дозволи на земјата трајно да биде домаќин на руските сили и нуклеарното оружје, иако американските власти изјавија за Си-Ен-Ен дека сè уште не виделе докази дека Русија пренесува или подготвува нуклеарно оружје.
Извори посочија дека до денес нема индикации дека Белорусија моментално учествува во борбите во Украина, а висок официјален претставник на американската одбрана рече дека Пентагон не видел „никакви индикации дека Белорусите се подготвуваат да преминат во Украина или дека постигнале некакви договори .