САД и Кина ги одржале првите неформални преговори за нуклеарно оружје во изминатите пет години, при што претставниците на Пекинг им порачаа на нивните американски колеги дека нема да прибегнуваат кон нуклеарни закани над Тајван, изјавија за западни медиуми денеска двајца американски делегати кои присуствуваа на состанокот.
Кинеските претставници понудија гаранции дека се „способни да надвладеат во конвенционалната битка над Тајван без употреба на нуклеарно оружје“, рече Дејвид Санторо, организатор на разговорите.
Учесниците на состанокот т.н. Track Two се претежно поранешни функционери и научници кои се овластени да зборуваат за позициите на нивните влади, додека официјалните преговори меѓу владите на САД и Кина се нарекуваат Track One.
Извор: МИА