Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, го зголеми своето присуство на главниот мост на реката Ибр. Зголеменото присуство на овој мост доаѓа еден ден откако косовските власти затворија пет паралелни српски општини на северот на Косово. Акцијата беше критикувана од меѓународната заедница, која ја повика Владата на Косово да не презема еднострани и некоординирани акции. Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан го повика косовскиот премиер Албин Курти да престане со некоординираните чекори.

„САД се загрижени од континуираните некоординирани и провокативни чекори на Владата на Косово. Ја цениме работата на оние, вклучително и ЕУЛЕКС и КФОР, кои спречуваат насилство и повикуваат на континуирана воздржаност од сите вклучени. Ги повикуваме премиерот Курти и неговата влада да се консултираат и да се координираат со меѓународната заедница и да престанат со некоординираните потези кои негативно влијаат на нашето партнерство“, напиша О’Брајан на социјалната мрежа Х.
Во меѓувреме, Европската Унија соопшти дека е „разочарана“ од континуираниот недостаток на координација на Косово со меѓународните и безбедносните партнери. Портпаролот на ЕУ, рече дека акцијата од 30 август, преземена од косовските власти за затворање на пет паралелни српски општини на северот на Косово, „ја загрозува кревката безбедносна ситуација на теренот“. Според него, оваа акција „може да доведе до натамошна ескалација на нестабилноста“,  рече Визард Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД.

„ЕУ сака да повтори дека Косово е посветено на намалување на тензиите. ЕУ постојано го повика Косово да избегне каква било акција што може негативно да влијае на безбедноста на луѓето на терен. За жал, нашите апели беа игнорирани од Владата на Косово“, изјави Стано за „Радио Слободна Европа“.

За акцијата на косовските власти на север, реагираа и амбасадорите на Германија, Обединетото Кралство и Франција. За време на акцијата на 30 август беа затворени округот Митровица на Косово, паралелната општина Митровица, Звечан, Зубин Поток и паралелната општина Лепосавиќ. Според Владата на Косово, овие институции функционирале под раководство на Србија.

Владата на Косово постојано повторува дека се обидува да воспостави ред, особено на северот на Косово населен со мнозинство Срби, со затворање на паралелните српски институции. Во Косово постојат општини, јавни претпријатија и компании, детски градинки, основни и средни училишта и јавни универзитети кои се директно финансирани од Владата на Србија, а се наоѓаат во градовите и населбите каде живее српската заедница.