реклама
Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама.
Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат автоматизирани системи, ниту вештачки создадени или претходно снимени гласовни пораки за да контактираат со потрошувачите преку мобилни телефони, ниту пак, преку фиксни телефони, освен ако прво не добијат изрична писмена согласност од потрошувачот за таков повик. Претседателката на ФКК, Џесика Розенворсел изјави дека „лошите момци“ веќе користат ВИ и „робоповици“ за да се претставуваат како познати луѓе, да изнудат пари и корист од некого, или пак, за дезинформирање гласачи.
реклама
– Ова изгледа како нешто од далечната иднина, но заканата е веќе тука… Сите ние може да бидеме цел на овие лажни повици, па почувствувавме дека е време за акција – сега и веднаш!, изјави Розенворсел.
Максималната казна за прекршител е 23.000 долари по повик. На примачот на лажниот повик кој иницира спор му е дозволена отштета до 1.500 долари за секој несакан повик.
реклама
Одлуката доаѓа откако властите во американската сојузна држава Њу Хемпшир спроведуваат интензивна истрага за случајот со „роботски повици“ со имитирање на гласот на американскиот претседател Џо Бајден, коишто имале за цел да се одвратат луѓето од учество на прелиминарните избори на Демократската партија за утврдување кандидат за претседател на САД во 2024 година.
Одлуката ќе стапи во сила веднаш, и ФКК ќе може да ги казнува лицата и компаниите кои користат гласови генерирани со ВИ и да ги блокираат таквите повици.
реклама
ФКК успешно се справи со првите „робоповикувачи“ кои се обидоа да се вмешаат во изборите. Имено, казнети се двајца конзервативци – измамници со по пет милиони долари за лажно информирање луѓе во области со доминантно црнечко население. Јавувачот тврдел дека гласањето по пошта може да доведе до опасност од апсење, посета од извршители за долгови, па дури и до присилна вакцинација.
реклама