Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше со сменетиот судански премиер Абдала Хамдок откако воените лидери кои ја презедоа власта во Судан му дозволија на премиерот да се врати дома. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека Блинкен во телефонски разговор го поздравил ослободувањето на Хамдок и „го повторил својот повик до суданските воени сили да ги ослободат сите цивилни лидери и да ја осигураат нивната безбедност“. Блинкен изрази „длабока загриженост“ за тековното воено преземање на власта во африканската земја и ја повика армијата на воздржаност во справувањето со демонстрантите.

Advertisements

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден разгледува целосен опсег на економски алатки за да одговори на военото преземање и е во близок контакт со земјите од Заливот, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Администрацијата веќе стопира итна помош од 700 милиони долари за Судан. Началникот на вооружените сили на Судан и водач на пуч, генерал Абдел Фатах Бурхан изјави дека војската ја презела власта на 25 октомври за да спречи „граѓанска војна“, односно дека политичките групи поттикнувале цивили против безбедносните сили. Транзицијата на Судан кон демократија започна пред две години, откако народниот бунт доведе до соборување на исламистичкиот автократ Омар ал-Башир.

Прикажи повеќе