Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) ги подигна нивото на аларм поради мајмунските сипаници и препорача носење маски во текот на патувањата, но предупреди дека не станува збор за истото ниво на загриженост како во случај на коронавирусот.

Advertisements

Симптомите на мајмунските сипаници првично се слични на грипот, а пота пациентите развиваат болно исфрлување и лезии, како и отечени лимфни јазли, објаснуваат од CDC.

Периодот на инкубација меѓу изложеноста и појавата на првите симптоми може да трае 21 ден, според Светската здравствена организација. Случаите на мајмунските сипаници се пријавени на сите континенти освен на Антарктик.

„Потврдени се некои случаи меѓу мажи кои имаат сексуални односи со мажи. Некои случаи се потврдени и кај луѓе коишто живеат во исто домаќинство со заразеното лице“, наведуваат од CDC.

Здравствените стручњаци наведуваат дека многу сексуално инфекциите имаат сличен симптоми, и дека вистинскиот број заразени со мајмунските сипаници би можел да биде поголем. Според CDC, во САД е забележан 31 случај на мајмунските сипаници.

Прикажи повеќе