Властите во САД го конфискуваа авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро што се наоѓал на сервсирање во Доминиканска Република и синоќа го донеле во Флорида. Министерството за трговија испрати соопштение по овој повод во кое се тврди дека авионот Dassault Falcon 900EX, што Мадуро го користел за официјални патувања бил незаконски набавен преку лажна компанија и тајно извезен од САД.
Во соопштението се наведува дека сето ова било во спротивност со санкциите и законите за контрола на извозот, пренесува МИА.
-Ова задржување нека послужи како јасен сигнал: авионите незаконски набавени во САД за интересите на венецуелските функционери кои се под санкции не можат едноставно да полетаа во зајдисонцете, изјави Метју Акселрод помошник министер за спроведување извозни правила во Министерството за трговија.
-Без разлика колку е луксузен авионот и колку е големо влијанието на функционерите што го управуваат, ние ќе работиме неуморно со нашите партнери овде и ширум светот за да откриеме и вратиме кој и да било авион незаконски извезен од Соединетите Држави.
Авионот, регистриран во Сан Марино, бил наголемо користен од Мадуро за странски патувања, вклучувајќи го она на почетокот на оваа година во Гвајана и Куба како и на карипските острови.
Главниот обвинител Мерик Гарланд изјави дека овој авион бил тајно извезен од САД за користење од „Мадуро и неговите следбеници.“
Според претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа, ова е „важен чекор за Мадуро продолжи да ги чувствува последиците од своите злоупотреби во владеењето со Венецуела.“
Американските службеници тврдат дека сојузниците на венецуелскиот лидер користеле лажна компанија на Карибите за да ја сокријат својата вмешаност во купувањето на авионот вреден 13 милиони долари од компанија од Флорида. Потоа авионот бил извезен од САД во Венецуела преку Карибите. Тоа се случило во април 2023 година а во рамки на зделка што има за цел да го заобиколи извршниот налог што им забранува на американските лица да вршат деловни операции со претставници на режимот на Мадуро.
Самиот Мадуро, неговите сојузници и нафтениот сектор на земјата-членка на ОПЕК се под строги санкции од САД. Акциите на Мадуро на неодамнешните претседателски избори ја зголемуваат веројатноста од воведување нови мерки против него и неговите функционери.