“Сакам да кажам нешто, секој што сега излегува на избори, сите кандидати, сакам да се уверам дека во моментов нема никаков договор со партиите.Со ниту една партија! И ние кандидатите, за градоначалник на Тетово, сите ние се бориме за себе за да добиеме што е можно повеќе гласови. Значи, нема договор помеѓу ДПА и ДУИ! Договорот е секој кандидат да добие гласови за себе, а оние гласови што ги добиваме ние како кандидати на ДПА, немаме право ниту да ги дадеме на некој друг ниту пак моземе такво нешто да направиме.
Тие се наши гласови, и верувам дека кога ќе победиме, ќе се видат на денот на гласањето кога вие, граѓаните ке излезете да гласате.И овој резултат исто така ќе биде многу важен за нас. Затоа, ве уверувам дека нема никаков договор, туку има само гласови што сакаме да ги освоиме од вас граѓаните. Затоа, апелирам да излезете да гласате и да гласате за нас.
Без разлика за кого гласате, на денот на изборите тоа ке одлучи за конечниот резултат. Ве молам, да бидам фер кон вас, дека животот е долг, да размислите за нашите деца кои се тука во Тетово. Помислете на градот. Новиот урбанистички план, мора да се мисли на која страна треба да се движи градот, населбите треба да бидат цели.
Сите оние што градат мора да им биде јасно дека мора да го платат данокот што им следува по квадратен метар, за одобрение за градба. А не да се легализираат големите згради, бидејќи вие само си наштетувате себеси со осиромашување на општината. Затоа, ве молам да бидете поправилни во овој аспект. Побарајте да добиете дозволи на овој начин и да не ве лажат со легализација” рече Сади Беџети.