Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка ја освои титулата на Мастерс во Мајами, победувајќи ја домашната тенисерка, Џесика Пегула во два сета 7:5, 6:3.
За Белорусинката ова е 19. ВТА титула во кариерата, осма на Мастерс турнирите и прва во Мајами. Сепак, можеби најважно, ова е прва голема титула (Гранслем, Мастерс, ВТА финале) за Сабаленка како број 1. Оваа година таа играше две големи финалиња како број 1 во Мелбурн и Индијан Велс, но ги загуби и двете. Сега беше трета среќа.
Ова беше прва пресметка на двете тенисерки по финалето на УС Опен. Оттогаш Пегула одигра уште три финалиња и може да се каже дека го игра можеби тенисот во кариерата. Но, тоа не беше доволно за актуелната најдобра тенисерка на светот.
Текстот Сабаленка ја освои првата голема титула како број 1 на Мастерс 1000 во Мајами е превземен од МАКФАКС.