Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Србија, Анес Рушевиќ, од денеска е нов играч на македонскиот прволигаш Работнички, потпишувајќи со скопскиот клуб договор до лето 2023 година.
Рушевиќ дојде од редовите на српскиот прволигаш Јавор Ивањица и во Работнички треба да ја засили конкуренцијата во нападот.
Дваесетипетгодишниот напаѓач претходно во кариерата настапуваше за српските екипи Пролетер од Нови Сад, Напредак Крушевац и Нови Пазар, а беше член и на повеќекратниот белоруски шампион Бате Борисов.