Состојки:

300 гр грав тетовец
3-4 главици кромид
500 гр домати (излупени)
1/2 лажичка шеќер
2 чаши сечкан магдонос
1 лажичка оригано
масло
сол, бибер

Инструкции:

Потопете го гравот околу 2 часа, потоа сварете го во посолена вода и кога добро ќе се свари исцедете го. На масло пропржете го кромидот исечкан на крупни парчиња. Додадете домати, шеќер и грав, оригано, сол и бибер и варете на многу тивок оган околу 20 минути. На крај додадете го магдоносот.

Ако постите на вода, испуштете го маслото, а гравот со доматите и другите состојки сварете го уште малку, за да се свари кромидот.