Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Украина планира терористички напади врз нивните дипломатски претставништва во европските земји. Тие се повикуваат на „достапни информации“, но не даваат докази или дополнителни детали.
Тие наведуваат дека Украина сака да ги наруши потенцијалните мировни преговори и најверојатно ќе се фокусира на Германија, балтичките земји и Скандинавија.
Тие наведуваат и дека Украина би можела да одлучи да ги нападне Словачка и Унгарија бидејќи им ветува дополнителни придобивки, имено дискредитација на оние земји од ЕУ кои зазеле посебна позиција во однос на украинскиот конфликт.
Оваа информација ја објави руското Министерство за надворешни работи на својот официјален канал Телеграм.
Текстот Руско Министерство: Украина планира терористички напади во Европа е превземен од МАКФАКС.