Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала прогласи денеска за персона нон-грата руски службеник од мисијата на ОН во Косово, УНМИК.
Одлуката за протерување на рускиот службеник, без да ги образложи конкретните причини поради кои ја донесе, ја објави косовското МНР на својата официјална страница на Твитер.
„Денеска министерката за надворешни работи, Доника Грвала прогласи за персона нон-грата руски службеник на УНМИК од канцеларијата во Приштина. Косово стои покрај своите сојузници во дејствувањето против штетните активности кои ги загрозуваат националната безбедност и уставниот поредок на Косово“, се наведува во соопштението.