Украинските власти денеска соопштија дека бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на Црното Море се искачи на 14, а десетици други се повредени.
„Како резултат на рускиот ракетен напад загинаа 14 лица, меѓу кои локални жители, медицински и спасувач. Уште 55 лица, меѓу кои седуммина вработени во Државната служба за вонредни состојби, се ранети“, напиша гувернерот на Одеса, Олег Кипер, на социјалните мрежи, кој претходно извести за 46 ранети.
Француски Ле Монд, повикувајќи се на украински официјални извори, објави дека нападот е извршен со ракети од типот Искандер (НАТО ознака: SS-26 Stone) истрелани од окупираниот Крим. Во овие напади е уништена трикатна зграда, а оштетени се најмалку десет куќи, бензинска пумпа, амбулантни возила и возила за брза помош.
За најновиот руски ракетен терор, објава на социјалните мрежи имаше и украинската амбасадорка Лариса Дир.
„751. државата-терорист рф со ракети „Искандер“ ја нападна Одеса од привремено окупираниот Крим – 14 убиени, 46 ранети. Нелуѓето на рф повторно извршија напад кога на местото на настанот пристигнале спасувачите. #RussiaIsATerroristState“, објави на ИКС украинската амбасадорката Лариса Дир.
751. државата-терорист рф со ракети „Искандер“ ја нападна Одеса од привремено окупираниот Крим – 14 починати, 46 ранети.
Нелуѓето на рф повторно извршија напад кога на местото на настанот пристигнале спасувачите.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/zeetrztcYT— Larysa Dir (@dir_larysa) March 15, 2024
Д. Т.