РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР:  Расне бројот на жртвите од ракетниот напад врз фабрика во Харкив: седум мртви, 17 ранети 

Бројот на граѓани погодени од рускиот ракетен напад на Харкив се зголеми на 17, објави на Телеграм  министерот за внатрешни работи Ихор Клименко, пренесува Укринформ.

„Нашите служби за итни случаи, како и секогаш, први пристигнаа на местото на гранатирањето. Државната служба за вонредни ситуации се бори со пожар од големи размери, заедно со полицијата, спасуваат жртви. До оваа минута загинаа 7 лица и 17 повредени од денешните удари“, рече тој.

Министерот за внатрешни работи им се заблагодари на сите што им помагаат на луѓето, го скротуваат пламенот и ги снимаат најновите воени злосторства на Русија.

Според Володимир Тимошко, шеф на Главната дирекција на националната полиција во регионот Харкив, руската армија користела системи за воздушна одбрана С-300 или С-400.

„Откако ќе се извлечат остатоците, дефинитивно ќе се утврди видот на оружјето“, рече Тимошко.

Портпаролот на регионалното обвинителство во Харков, Дмитро Чубенко, за „Suspilne News“ изјави дека нападите биле извршени од територијата на руската Федерација, регионот Белгород.

Полициските истражители отворија кривична постапка според член 438 (повреда на законите и обичаите на војната) од Кривичниот законик на Украина.

Како што беше предходно соопштено, на 23 мај, Русија го погоди Харкив и регионот. Заклучно со 14:00 часот, седум лица загинаа, а 16 беа ранети во печатница во Харков. Пожар од големи размери избувнал во продавницата за хартија.

Руските војници го нападнаа и селото Золочив во областа Боходухив со воздушен напад, при што беа повредени две лица, а беа уништени градинка и куќи. Градот Љуботин во областа Харкив беше погоден од ракетни напади, при што беа повредени осум лица.

Драган Мишев