Неколку експлозии се слушнаa во Кијив во понеделникот околу 23 часот, за време на тревогата за воздушен напад, јави дописникот на Укринформ.
„Неколку експлозии одекнаа во Кијив за време на тревогата за воздушен напад“, јави дописникот.
Кијивските власти ги предупредија граѓаните да не излегуваат од засолништата додека трае тревогата.
„Продолжува тревогата за воздушен напад! Во главниот град оперира противвоздушна одбрана. Останете во засолништата додека не се откаже предупредувањето!“ Серхи Попко, шеф на градската воена администрација, напиша на Телеграм.
Градската воена управа на Кијив соопшти дека според прелиминарните информации, рускиот агресор користел балистички ракети Искандер-М или севернокорејски КН-23, објави Кијив Индепендент, пренесува ЦИВИЛ МЕДИА.