РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Нови жртви по нападот на хипермаркет во Харкив

Рускиот ракетен терор продолжува. Харкив денеска положи нови жртви по ракетниот напад врз цивилни цели што секојдневно се мета на рускиот агресор. Цел на нападот денеска беше еден хипермаркет во Харкив.

Харкив, 25 мај 2024

Украинската амбасадорка Лариса Дир кој на социјалните мрежи води своевиден дневник на главните вести од украинските боишта, напиша дека Украина е ранлива на рускиот ракетен терор затоа што нема доволно средства за противвоздушна одбрана. На почетокот од секоја објава на амбасадорката стои бројот на денот од почетокот на целосната руска воена агресија. Денеска е ден 822.

„822. рф му нанесе уште еден жесток удар врз градежниот хипермаркет во Харкив – починати, ранети. Ако Украина имаше доволно средства за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, таквите напади едноставно ќе беа невозможни. Затоа секојдневно се обраќаме со молба за испорака на Patriot,“ напиша амбасадорката Дир на социјалните мрежи.