Рускиот ракетен терор продолжува. Харкив денеска положи нови жртви по ракетниот напад врз цивилни цели што секојдневно се мета на рускиот агресор. Цел на нападот денеска беше еден хипермаркет во Харкив.
Украинската амбасадорка Лариса Дир кој на социјалните мрежи води своевиден дневник на главните вести од украинските боишта, напиша дека Украина е ранлива на рускиот ракетен терор затоа што нема доволно средства за противвоздушна одбрана. На почетокот од секоја објава на амбасадорката стои бројот на денот од почетокот на целосната руска воена агресија. Денеска е ден 822.
„822. рф му нанесе уште еден жесток удар врз градежниот хипермаркет во Харкив – починати, ранети. Ако Украина имаше доволно средства за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони, таквите напади едноставно ќе беа невозможни. Затоа секојдневно се обраќаме со молба за испорака на Patriot,“ напиша амбасадорката Дир на социјалните мрежи.