Рускиот ракетен терор врз украинските градови продолжува со несмалена жестина. Секојдневно има цивилни жртви и унишување на украинската цивилна и енергетска инфраструктура, што ја нагласува итноста од обезбедување на системи за противвоздучна одбрана за Украина.
Во градот Днипро, руска ракета погоди петкатна станбена зграда, урнувајќи неколку ката, изјави шефот на регионалната воена администрација Серхи Лисак, пренесува Укринформ.
„Во Днипро гори петкатна зграда. Делумно е уништена. Можно е да има луѓе под урнатините“, се вели во првичниот извештај и се додава дека шест лица се потврдени како повредени.
Подоцна, градоначалникот на градот Борис Филатов рече дека бројот на жртви се искачил на девет.
Лисак потоа го ажурираше извештајот наведувајќи дека најмалку две лица загинале, а 15 се повредени.
Оштетен е инфраструктурен објект во областа Кривји Рих. Уништување има и во областа Синелни. Една жена е убиена.
Железничката станица во Днипро ја прекина својата работа поради руски ракетни напади, при што се пријавени повредени меѓу работниците во железницата, објави на Телеграм украинскиот државен железнички оператор Укрзализницја, пренесува Укринформ.
„Непријателот изврши насочен масовен напад врз објектите на цивилната инфраструктура на Укрзализница во Днепро и во регионот [Дњепропетровск]. Има ранети железничари, на кои им е укажана медицинска помош. Спасувачите работат на оштетените објекти. Се разјаснуваат информациите за жртви. “ се вели во објавата.
Во раните утрински часови на 19 април, регионот Днипропетровск беше под нов масовен напад. Украинската воздушна одбрана пресретна некои од руските цели, но имаше и удари. За време на рускиот ракетен напад одекнаа експлозии во Днипро и Одеса.
Во Днипро оштетени се станбена зграда и два инфраструктурни објекти. Во нападот загинаа две лица, а 15 се повредени.
Драган Мишев