Рускиот претседател Владимир Путин на технолошки форум во Москва вчера изјави дека научници од Русија се блиску до создавање вакцина против рак што наскоро би можела да биде достапна за пациентите.

Руските научници се многу блиску до создавање вакцини за рак и имуномодулаторни лекови од новата генерација. Се надевам дека наскоро делотворно ќе се користат како методи за индивидуална терапија, изјави Путин.

Тој не појасни на кои видови рак ќе делува вакцината и на кој начин.

За време на пандемијата на Ковид-19, Русија разви и своја сопствена вакцина „Спутник V“ против коронавирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.