По најавената чистка на воените службеници по краткотрајниот бунт на платеничките сили на „Вагнер“, руските власти, наводно, го уапсиле генералот Сергеј Суровикин, заменик-командант на руските воени операции во Украина, пренесуваат весникот „Москва тајмс“ и еден руски воен блогер.
Суровикин, наречен Генерал Армагедон од руските медиуми поради неговата наводна немилосрдност, е ветеран од руските војни во Чеченија и Сирија, кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.
Цитирајќи два извори блиски до руското Министерство за одбрана, онлајн весникот на руски јазик „Москва тајмс“ објави дека Суровикин бил уапсен затоа што, како што наведува еден од неименуваните извори, „застанал на страната на шефот на ‘Вагнер’, Евгениј Пригожин за време на бунтот“.
Рускиот воен блогер Владимир Романов, исто така, извести за апсењето на Суровикин, пренесува според „Москва тајмс“, додека вашингтонскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ИСВ) објави друг руски извор кој тврди дека воените „соработници“ на Суровикин биле „обвинети за соучесништво во бунт“.
Руското Министерство за одбрана сè уште не ги коментира извештаите за приведувањето на Суровикин, пишува весникот.
The Defense Ministry has yet to comment on the alleged arrest of Surovikin, who has not been seen in public since Saturday. https://t.co/dr7xM4N33k
— The Moscow Times (@MoscowTimes) June 28, 2023