Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Текстот Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе е превземен од МАКФАКС.