Руските пропагандисти со дип фејк манипулација во обид да го „бустираат“ наративот за наводниот конфликт меѓу Зеленски и Залужни

Руските пропагандистите продолжуваат да го „бустираат“ наративот за наводниот конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи.

Како што пренесува Укринформ, во последниот обид на руската пропагандна машинерија за дискредитација на украинското политичко и воено раководство, пропагандистите креираат дип фејк манипулација во која, Олексиј Арестович, поранешниот советник на украинскиот претседател, „зборува“ за тоа како војската „му сместила“ на Кабинетот на претседателот „приказна“ за соборувањето на рускиот Ил-76.

На 24 јануари во Русија се урна воен транспортен авион Ил-76, руското Министерство за одбрана објави дека во авионот имало 65 украински воени заробеници и тие летале за размена на затвореници.

Откако Русија не обезбеди никакви сигурни докази за тоа, започна активна информативна кампања за промовирање на сопствената верзија и веќе познатите пропагандни наративи.

Тајка, на пример, на TikTok беше објавено видео во кое Олексиј Арестович, поранешен советник на Кабинетот на претседателот на Украина, наводно вели дека во авионот имало воени затвореници од Азовскиот полк и дека украинската војска намерно му „сместила“ на украинскиот претседател.

@kyivonline24

#Україна #НовиниУкраїни #українськийконтент #рек

♬ original sound – kyivonline24

Ова е лажно видео кое е создадено со помош на невронски мрежи. Видеото јасно покажува целосна неусогласеност на движењата на усните со зборовите. Во видеото има и визуелни недоследности, вклучувајќи треперење и пикселирање, што укажува дека видеото е дип фејк. Ова е направено така што лажниот со низок квалитет е потешко да се препознае со голо око.

Дополнително, според испитувањето спроведено од услугата Aiornot, аудио-записот користен во ова видео најверојатно е создаден со помош на вештачка интелигенција.

Користејќи ја авионската несреќа Ил-76, пропагандистите уште еднаш се обидуваат да го унапредат наративот за конфликтот меѓу претседателот Володимир Зеленски и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни. Целта на ова е да се дестабилизира ситуацијата во Украина и да се обиде да ги подели Украинците на два табора.

Како што објави вчера ЦИВИЛ МЕДИА, неколку Телеграм канали објавија непотврдена информација дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, бил разрешен од функцијата. Кабинетот на Зеленски демантираше дека е разрешен Залужни, а дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските медиуми.

Ова, секако, не е прв пат руските пропагандисти да користат „дип фејк“ технологија за дискредитација на украинскиот претседател. Предходно, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ разобличи уште еден неуспешен обид на руските пропагандисти со „дип фејк“ видео манипулација да го дискредитираат Зеленски, кога на социјалните мрежи сподели лажно ТикТок видео од лажен профил на кое украинскиот претседател  е прикажан како изведува ориентален танц облечен во костим на танчар, со коментар на руски јазик: Вова (скратено од Володимир) талентиран човек.

Во лажното видео, руските пропагандисти со „deep fake“ технологија врз телото од танчарот ја додале главата на украинскиот претседател, по што истото се споделува на социјалните мрежи.

Се чини дека „дип фејк“ технологијата станува омилена алатка на руските пропагандисти за ширење дезинформации и манипулации во јавноста и за дискредитирање на противниците и неистомислениците на режимот на Кремљ.

ЦИВИЛ МЕДИА, исто така објави краток преглед за тоа што претставува „дип фејк“ технологијата, за што се користи и како да ги препознаете лажните креирани видеа.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Кабинетот на Зеленски демантира дека е разрешен Залужни, дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските портали

(DEEPFAKE) Уште еден неуспешен обид на руските пропагандисти со „дип фејк“ видео манипулација да го дискредитираат Зеленски

(DEEPFAKE) Што е „дип фејк“ технологија и како да се спротивставите на дезинформациите создадени од вештачката интелигенција