Руските пропагандисти жалат за лошиот дебатен настап на Трамп

Повеќе коментатори за руската државна телевизија на 11 септември изразија разочарување од настапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во првата дебата против потпретседателката Камала Харис.

Телевизиските водители тврдеа дека Трамп мора да бил „саботиран“ за да настапи толку лошо против Харис, пренесува Кијив Индипендент.

Харис и Трамп се соочија во Филаделфија на 10 септември во нивната прва и можеби единствена дебата откако претседателот Џо Бајден се повлече од трката во јули. Кампот на Харис ја сметаше ноќта како победа, при што поп-ѕвездата Тејлор Свифт го поддржа потпретседателот веднаш по дебатата.

Водечките медиумски ликови на руската државна телевизија се пожалија дека Трамп бил „обесправен“ во дебатата,  некои ги критикувале модераторите за проверка на фактите на тврдењата на Трамп во реално време, а на некои  им пречеа и визуелните ефекти кои ја намалуваа висинската предност на Трамп во однос на Харис, правејќи ги кандидатите да се појавуваат на исто ниво.

Пропагаторот на Кремљ, Владимир Соловјов, изрази бес кога модераторот Дејвид Муир ги провери неоснованите тврдења на Трамп за имигрантите кои јадат мачки и кучиња на луѓето.

“Зошто би го направил тоа? Мислев дека треба да биде непристрасен!” – изјави Соловјов.

Алексеј Наумов, панелист од рускиот Совет за меѓународни односи, исто така жалеше за слабото прикажување на Трамп против Харис.

„(Харис) успеа да го намами Трамп во секоја замка што таа му ја постави“, рече тој. „Посакувам да не го гледав тоа.

Димитри Сајмс, поранешен советник на Трамп, кој неодамна беше обвинет од САД за кршење на санкциите против Русија, се пожали дека визуелниот ефект на поделениот екран ја намалува висинската предност на Трамп во однос на Харис, правејќи ги кандидатите да се појавуваат на исто ниво.

Сајмс, исто така, ја понуди својата перспектива за одбивањето на Трамп да ја поддржи победата на Украина и неговиот наводен план да стави крај на војната за 24 часа, доколку биде реизбран за претседател.

Според Сајмс, Трамп ќе ја заврши војната со тоа што ќе му нареди на претседателот Володимир Зеленски да ги прифати сите барања на рускиот претседател Владимир Путин. Тој потоа веднаш ќе ја прекине сета американска помош за Украина доколку Зеленски одбие да се усогласи, предвиде Сајмс.

На линија со руските пропагандисти се постави и сопственикот на Тесла, Спејс Х и социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) и силен поддржувач на Доналд Трамп, Елон Маск, кој разочаран од лошиот настап на Доналд Трамп на дебатата, Илон Маск со мизогина објава се нафрли врз поп ѕвездата Тејлор Свифт поради нејзината поддршка за Камала Харис

САД неодамна објавија сеопфатна акција против руските пропагандни места за наводни обиди да се мешаат во претседателските избори во 2024 година. Претходно, Москва беше обвинета за започнување кампањи за дезинформација за поддршка на Доналд Трамп против Хилари Клинтон и Бајден на изборите во 2016 и 2020 година.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

(ВИДЕО) Харис победи во жестоката дебатата оставајќи го Трамп во дефанзива

Расизмот и мизогинијата на Илон Маск значително ги зголеми говорот на омраза, дезинформациите и екстремистичките содржини на Х