Руските налудничави ракетни напади врз цивилни цели следуваат откако Украинците тргнаа во офанзива во регионот Харкив за да го вратат теренот 

Ескалацијата на руските налудничави ракетни напади врз цивилни цели што секојдневно се мета на рускиот агресор, резултираа со  денешниот ракетен напад чија цел беше еден хипермаркет во Харкив чиј крвав биланс досега вбројува две загинати лица, а уште 35 се повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање руски удар на градежниот хипермаркет во Харкив го нарече „уште една манифестација на руското лудило, едноставно нема поинаку да се каже“.

Најновиот руски ракетен напд врз цивилната украинска инфраструктура доаѓа по вчерашната контраофанзива на украинските одбранбени сили кои ја запреа руската армија во областа Харкив и се обидуваат да го вратат теренот.

„Што се однесува до оската Харкив, непријателот од 10 мај спроведува офанзивна операција на оваа оска во обид да создаде тампон зона во регионот Харкив. Од денеска ситуацијата таму е стабилна, контролирана, непријателот е запрен, му се нанесува штета од оган, а одбранбените сили планираат и спроведуваат офанзивни јуришни операции за враќање на теренот“, изјави Ихор Прохоренко, вршител на должноста заменик-началник на Главниот оперативен оддел во Генералштабот на вооружените сили на Украина, на брифинг во медиумскиот центар Украина-Укринформ.

Според него, непријателот спроведува офанзивни јуришни операции во секторот Купијанск.

„Неговата цел е да стигне до градот Купијанск, да го блокира од исток и да им нанесе штета на одбранбените сили. Денеска непријателот нема успех во овој сектор“, рече Прохоренко.

Тој додаде дека непријателот се обидува да ја пробие украинската одбрана во областите Лиман, Сиверск и Краматорск.

„Тој спроведува офанзивни јуришни операции во правец на Лиман и Славјанск. Ние нанесуваме штета од оган, а непријателот претрпува големи загуби и нема успех во овој сектор. Што се однесува до секторот Краматорск, жестоки борби се во тек, а непријателот води офанзивни операции западно и јужно од Бахмут. непријателот нема успех во овој сектор“, рече Прохоренко.

Според него, непријателот во моментов се обидува да ги врати позициите загубени минатата година јужно од Бахмут и кај Андриивка и Клишчиивка.

„Денес тој се обидува да го врати теренот во овие области, но не успева. Нашите сили цврсто ја држат одбраната на овие линии, нанесувајќи му штета од оган на непријателот“, рече Прохоренко.

Драган Мишев