Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Навални да се согласи на приватен погреб, изјави неговата портпаролка.
„Руските власти и дадоа рок од три часа на мајката на Алексеј Навални да се согласи на приватен погреб. Во спротивно, телото на опозицискиот лидер ќе биде погребано во казнената колонија каде што почина пред една недела“, изјави денеска портпаролката на Навални, Кира Јармиш.
Јармиш додаде дека Људмила Навални го отфрла ултиматумот и продолжува да инсистира телото на нејзиниот син да и биде предадено.
На мајката на Алексеј Навални, не и било дозволено да влезе во мртовечницата во рускиот град Салехард.
Портпаролката на починатиот руски опозиционер на платформата Икс објави дека на мајката на Навални не и било дозволено да влезе во мртовечницата и не добила одговор на прашањето каде е телото на нејзиниот син.
– Еден од адвокатите беше буквално истуркан, наведе Јармиш.