Рускиот ракетен терор продолжува, агресорите извршија уште еден масивен напад врз Украина

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Икс објави дека, утрото на 699 ден од агресијата, руските агресори повторно извршија масивен ракетен напад врз Украина.


Како што објави министерот за внатрешни работи на Украина, Ихор Клименко на Телеграм,  пет лица загинаа, а најмалку 20 се повредени како резултат на утринскиот руски ракетен напад врз Украина заклучно со 08:45 часот во вторник, 23 јануари, пренесува Укринформ.

Според него, како резултат на ракетниот напад, избувнале неколку пожари во главниот град – во областите Свијатошински, Соломиански и Печерски. Едно лице загина, а има повредени. Оштетени се две висококатници, приватна зграда и автомобили.

Драган Мишев