Буквата „З“, првично видена на руските тенкови и воени возила, набрзо стана пропаганден симбол за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и неговата воена окупација на Украина. Симболот го има на оклопните возила, автомобилите низ Русија, на маички, , на социјалните мрежи на поддржувачите на војната. Дури и децата кои се лекуваат во онколошка болница во Казан застанаа надвор на снегот со своите родители за да ја формираат буквата „З“ како знак за поддршка на инвазијата.
Буквата „З“ се појави и на Меѓународната федерација за гимнастика. Рускиот гимнастичар Иван Кулијак го имаше знакот на својот дрес.
Меѓународната гимнастичка федерација соопшти дека ќе отвори дисциплинска постапка против Иван Кулијак поради неговото „шокантно однесување“. Федерацијата ги откажа сите свои настани во Русија и Белорусија.
Но, постојат различни ставови за значењето на симболот „З“. Некои велат дека „З“ е „За за победа“, други велат дека е за „Запад“ што значи кон запад. Многумина ја коментираат сличноста со свастиката, симболот што го користеше нацистичка Германија во Втората светска војна, наречена „Путинска свастика“.
Се чини дека руското Министерство за одбрана ја потврди првата опција. Во објава на Инстаграм,од Министертсвоти објавија фотографии на руски војници со буквата „З“ на која пишува „За победа“.Други го користат „з“ меѓу зборовите „демилитаризација“ и „денацификација“ – ова особено беше една од причините што рускиот претседател ја наведе за инвазијата на Украина. /Алсат.мк
Еви Шкопи