Руската пропаганда шири лажни вести дека Зеленски купил кралската палата во Британија

Руските пропагандисти креирале веб-страна на лажен британски весник и користеле Јутуб канал.

На 31 март, Јутуб каналот на англиски јазик под името Сем Марфи (284 претплатници) објавил видео во кое се тврди дека претседателот на Украина Володимир Зеленски наводно го купил замокот Хајгроув Хаус, порано во сопственост на кралот Чарлс III од Обединетото Кралство, за 20 милиони фунти. Авторот на видеото споменува шестмина поранешни вработени во замокот, кои биле отпуштени по промената на сопственикот, како и Грант Харолд, поранешниот батлер на Чарлс III (2004-2011). Подоцна, информациите од видеото беа споделени на веб-страницата на англиски јазик London Crier. Руските медиуми и Телеграм каналите потоа повторно го објавија, повикувајќи се на наводно британскиот весник, пренесува Укринформ.

Ова е лажна вест. Во британските медиуми нема информации дека Зеленски купил имот. Јутуб каналот на која е објавена лажната вест е креирана на 5 февруари 2024 година. На каналот има само три видеа, од кои сите се поврзани со кралското семејство и се објавени на 31 март. Во видеата се слушаат различни гласови. Во видеото за Зеленски, темпото на говорникот е побавно, а изговорот е појасен. Ова го потврдува фокусот на видеото кон странската јавност.

Докажано е дека веб-страницата која повторно го објави видеото е лажна. Услугата за проверка на домени откри дека доменот е регистриран на 26 март 2024 година. Не содржи никакви информации за активностите и сопствениците. Наместо имињата на новинарите, материјалите се објавуваат под прекари од типот dennis.marshall10, alberto.young5. Сајтот содржи проруски содржини. „Авторите“ веројатно едноставно копираат материјали од руски интернет ресурси, бидејќи страницата содржи и вести на руски, кои веројатно заборавиле да ги преведат.

Веб-страницата содржи линкови до социјалните мрежи кои водат до ресурсите на компанија за развој на софтвер, каде што, меѓу другото, може да се купи и шаблон за сајт за сопствена употреба.

М. Пешевска