Владимир Салдо, нелегалниот руски гувернер на Херсонската област, изјави за ТАСС дека „руските вооружени сили започнаа со ослободувањето на Херсон од украинската армија“. Според него, „индустриската зона и викендичките на островите во долниот тек на реката веќе се под руска контрола“.
Нелегално прогласениот гувернер објасни дека неколку делови од градот се наоѓаат на левиот брег на реката Днепар и се под контрола на руските вооружени сили. Тој нагласи дека овие области се главно индустриски зони, а покрај тоа, „руската војска контролира голем број викендички“.
„На островите што се наоѓаат во долниот тек на Днепар, од Херсон па сè до Црното Море, има доста голем број летниковци. Сите тие се исто така под контрола на (руските) вооружени сили. Затоа, ослободувањето на самиот град Херсон веќе започна“, рече Салдо.
Тој изјави дека руските трупи ја контролираат индустриската зона Херсон на левиот брег на реката Днепар, како и населбите со дачи на островите во долниот тек на реката.
фото:илустрација
Текстот Руси: Започнавме со ослободување на градот Херсон е превземен од МАКФАКС.